Напаѓачот на помладите пионери Марко Ѓоргиевски ја заврши сезоната како најдобар стрелец во сите младински категории кои се натпреваруваа во домашни рамки. Зад неговото име на крај беа впишани вкупно 37 погодоци и се смета за вистинско откритие изминатава сезона. Марко настапува и за Македонската репрезентација до 15 години. Тој влезе и во нашиот избор на личности кои ја одбележаа сезоната во младинските категории. Голем дел од неговите погодоци во сезоната 2014-2015 можете да ги погледнете на следново видео, кое е во режија на ТК Продукција која изработува видеа и фотографии за овие млади момчиња.
Видеото од головите можете да го погледнете ТУКА