Марко Ѓоргиевски има 14 години и настапува за помладите пионери на Фк Вардар. На седум години започнал да тренира фудбал. Негов прв клуб е Фк Амаре од драчево, каде настапувал три години. Потоа преминува во фудбалскиот клуб Драчево, каде тренирал две години. Има настапи и за Фк ССК. Еден ден решава својата среќа да ја проба во најголемиот Македонски бренд-Вардар, каде првиот тренинг за црвено-црните го има на 7-ми август 2003 година. Луѓето од клубот го препознаваат неговиот голем талент и решаваат да го задржат во клубот. И секако дека направиле правилен потег и одличен избор со неговото останување. Минатата сезона настапува за “генерација 2000“ со која го освојува првото место во детската лига.
Од оваа сезона е прекомандуван да игра за помладите пионери на Фк Вардар кои се натпреваруваат во првенството и купот. Марко во есенскиот дел, е убедливо најдобар стрелец за оваа генерација. Има постигнато 16 гола, од кои 11 се во првенството, и 5 во купот. Овој податок го прави и најдобар голгетер, од сите Вардарови категории кои настапуваат во националната лига и купот. Во подготвителниот период, на пријателските мечеви постигнува во просек по два погодоци.
Претходно неговите голгетерски квалитети ги покажува на “турнирот на пријателство“ во Бих, кој се играше во месец јуни минатата година. Токму Марко беше најдобар стрелец за Вардар на овој турнир постигнувајќи три гола, во исто толку натпревари против екипи како Ријека, Ц.Звезда и Железничар. Несомнено е дека ќе биде и главен играч за својата екипа, и во пролетниот дел од сезоната. Се надеваме дека неговите погодоци ќе донесат титула за помладите пионери, во првенството и националниот куп. Со еден збор, се работи за голема надеж на Вардар и Македонскиот фудбал.
Звонко Ивановски