Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Филип Петковски : Вардар ги има најдобрите навивачи и тим во лигата

Филип Петковски : Вардар ги има најдобрите навивачи и тим во лигата

 

2fico

Вардар утре го игра одложениот дуел од 19 коло со тимот на Металург на Арената Филип Втори, со почеток во 14-00 часот . Во пресрет на утрешниот дуел тимот на Работнички во саботата со победата над Хоризонт се израмни на врвот на табелата со бодови со нашиот Вардар . Црвено-Црните во првиот дуел доминантно покажаа дека се најголеми кандидати за титулата . За мечот во Кратово свој коменtар ни даде и Филип Петковски, младиот играч на вардарци воедно и стрелецот број еден кај Црвено-Црните момчиња на Сергеј Андреев.

- Презадоволен сум од премиерниот меч на Вардар во првенството. Покрај тешкиот терен и секогаш незгодниот тим на Силекс покажавме дека располагаме со одлична екипа, и сме најсериозен кандидат за освојување на титулата во лигата. Сепак без подршката од трибините на нашите навивачи кој во Кратово дојдоа во голем број оваа победа немаше немаше да биде толку убедлива .Им благодарам на Комитите кој се секогаш со срце за Вардар 100%.

Петковски кој беше најдобар стрелец и втор асистент во есенскиот дел од првенството, го запрашавме за неговите очекување за утрешниот меч, и за продолжението од сезоната во Македонската Прва фудбалска лига .

-Почит кон екипата на Металург , но бодовите остануват на Филип Втори . На овој дуел не очекувам ништо помалку од победа за нас . Во ова сезона моја желба е освојување на титулата, за мене прва во црвено-црниот дрес , а за Вардар 9-та . Ги имаме најдобрите услови и најдобрите навивачи во земјата , останува да покажеме во продолжението со каков квалитет располагаме . И да пружиме одлични игри кој секако ќе ги крунисаме со епитетот најдобра екипа во лигата .

Михајло Тушевски