Пред час и половина, во С.Р.Ц. Кале заврши натпреварот во кадетската лига помеѓу екипите на Вардар и Зомимак. Избраниците на Зоран Петковски ги “декласираа“ своите врсници од Струмица, совладувајќи ги со резултат 44:15. Во текот на целиот меч црвено-црните имаа постојано водство, кое ниту во еден момент не беше загрозено. На полувреме се замина со предност од 21:8. Петковски им даде шанса за настап на сите ракометари кои му беа на располагање.
-Во натпревар на две различни по квалитет екипи, победивме без проблеми со ротација на целиот тим. Во следниот период сите играчи кои ќе добијат шанса без разлика на минутажата, треба да се наметнат и да покажат додатен квалитет. На овој натпревар некои од нив не беа на посакуваното ниво, и очекувањата од нив што реално и ги очекувам како талентирани играчи.
Ова е седма победа за Вардар во првенството, со очекувања дека победничката серија ќе продолжи до крајот на сезоната.
-Го одработивме овој меч, во следниот период ќе гледаме да ги отстраниме грешките што ги направивме во одредени делови на овој натпревар. Како и на претходниот меч, така и на овој нема никого посебно да истакнам, освен дека одбраната и транзицијата на моменти беше беспрекорна, ни изјави Петковски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски