Денеска попладне РК Вардар ќе одигра нов натпревар, овој пат во рамките на СЕХА – лигата против тимот на ППД Загреб. Овој натпревар ќе биде одигран во СЦ. “Јане Сандански” со почеток во 17 часот и 30 минути.
Вардар се наоѓа на првата позиција на табелата со биланс од четири победи од исто толку натпревари, нашиот денешен противник се наоѓа на втората позиција со три победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Овие две екипи оваа сезона се сретнаа во ЛШ, Вардар го доби тој натпревар со резултат 28:21. Очекуваме нова победа на Вардарци.
17.30 (МТВ-1) ракомет СЕХА: ВАРДАР-ЗАГРЕБ – (ком: З.ВИДЕВСКИ)