Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Каменица: Се надевам дека ќе одиграме добро и ќе направиме изненадување во Скопје
Каменица: Се надевам дека ќе одиграме добро и ќе направиме изненадување во Скопје

Каменица: Се надевам дека ќе одиграме добро и ќе направиме изненадување во Скопје

Денес на програмата е натпревар од СЕХА-лигата помеѓу екипите на Вардар и ППД Загреб. Црвено-црните се лидери во ова натпреварување со четири победи од исто толку натпревари, додека Загреб има одиграно меч повеќе, на кои оствари три победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Во пресрет на овој дуел, тренерот на ППД Загреб, Касим Каменица ги изнесе своите очекувања.

-Имавме натпревар со Вардар во Лигата на шампионите, на кој загубивме со висока разлика. Сега се наоѓаме во подобра ситуација од нив, бидејќи ние имавме меч во ЛП против Рајн Некар во четвртокот, а тие против Барса во саботата. Тоа значи дека имавме два дена повеќе за одмор. Се надевам дека ќе одиграме добро и ќе направиме изненадување во Скопје. Во нашиот тим се враќаат Бичаниќ и Марковиќ, па на овој дуел ќе бидеме подготвени, концентрирани и мотивирани за што подобар резултат.