Sunday ,27 November 2022
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци ги започнуваат настапите на СП
Вардарци ги започнуваат настапите на СП

Вардарци ги започнуваат настапите на СП

Вчера стартуваше Светското ракометно првенство, на кое први победи забележаа домашните селекции на Германија и Данска. Денес е вториот натпреварувачки ден на мундијалот, а со настапи ќе започнат и вардаровите играчи кои се дел од своите репрезентации.

За нас најважен е натпреварот на Македонија кој стартува од 15:30 часот, а противник ни е селекцијата на Јапонија. Избраниците на Гонзалез се фаворити на овој дуел и таа улога треба да ја оправдаат на теренот. Веќе се објавени и составите за денешниот дуел, а за Македонија ќе настапат и единствените играчи од Вардар, се работи за Стојанче Стоилов и Мартин Поповски. Директен пренос од натпреварот можете да проследите на МРТ-1 и Арена Спорт 1.

Интересен ќе биде и дуелот помеѓу селекциите на Русија и Србија, натпревар кој стартува од 18:00 часот, со директен преност на Арена Спорт 1. На овој дуел на теренот ќе видиме и пет играчи од Вардар. Во селекцијата на Русија се дури четворица, Дибиров, Калараш, Шишкарев и Кисељев ќе се обидат да ја победат Србија, за која на голот нема  да биде Дејан Милосављев. Селекторот реши тој да биде денес резерва и да остане на трибините.

Во истиот термин од 18:00 часот ќе стартува и другиот натпревар од нашата група, во која се среќаваат селекциите на Хрватска и Исланд. Во составот на Хрватска за овој дуел се најде Игор Карачиќ, на кој неговата селекција е фаворит за победа против Исланд. Овој дуел ќе се пренесува на Арена Спорт 2.