Македонија со висок пораз стартуваше на Светското ракометно првенство, откако во рамките на првото коло загуби од репрезентацијата на Норвешка со резултат 39:27.
Избраниците на Кирил Лазаров во најголем дел од првото полувреме беа рамноправен противник, но поради една лоша серија дозвволија на полувреме да имаат голема негатива од 18:11. Норвешка во текот на целиот натпревар имаше предност и контрола на резултатот. Најдобриот период за Македонија беше кога го израмни резултатот на 9:9, но противникот направи серија од 4:0 и се одлепи на 13:9, за до крајот на првиот дел истата да ја зголеми и на одмор да замине со водство од 18:11.
Сите дилеми околу победникот беа решени кога, Норвешка се одлепи и на двоцифрена разлика за да поведе со 25:15. Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, им даде шанса за настап на сите ракометари, кои имаа можност да се докажуваат на теренот. Немавме сили за некоја неизвесност, па Норвешка на крајот стигна и до висока победа.
Вардаровите играчи се покажаа како најефикасни на овој натпревар. Филип Талески беше прв стрелец со 7 гола, додека Дејан Манасков имаше 5 погодоци. МартинТомовски имаше 4 одбрани, додека новиот вардаров играч, Томислав Јагуриновски со еден гол гол го заврши мечот.