Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардарци со свој придонес за младинската ракометна репрезентација, на контролен меч со Бугарија
Вардарци со свој придонес за младинската ракометна репрезентација, на контролен меч со Бугарија

Вардарци со свој придонес за младинската ракометна репрезентација, на контролен меч со Бугарија

Младинската ракометна репрезентација во салата во Автокоманда одигра контролен натпревар против селекцијата на Бугаријата. Избраниците на селекторото Јовиќ немеаа поголеми проблеми во овој дуел и на крајот забележаа убедлива победа. Конечниот резултат гласеше 31:13. Самиот податок дека во првото полувреме им дозволивме на Бугарија да постигне само четири погодоци, говори за квалитетот и силите со кои располагаат двете селекции. На пет минути пред крајот на првиот дел стигнавме до двоцифрена предност од 13:3. На полувреме се замина со водство на Македонија од 16:4. Во вториот дел предноста само растеше и рутински се доведе до крја овој натпревар. Во составот на младинската ракометна репрезентација настапуваат и одум ракометари од редовите на Вардар. На овој прв контролен натпревар со Бугарија, Стефан Трпчевски постигна четири гола, додека по еден гол дадоа Кристијан Давитковски, Дејан Кукуловски и Кристијан Анастасовски. 

Денес ќе одиграме уште еден контролен натпревар со истава репрезентација, како подготовка за квалигкациониот турнир во Швајцарија. Најдобриот играч на РК Вардар 2, бекот Тоше Ончев најверојатно ќе ги пропушти квалификациите поради повреда.