Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени 2006 година продолжуваат да “рушат“ рекорди во оваа натпреварувачка сезона. Освен тоа што на четири младински турнири освоија прво место и едно второ, избраниците на Кралевски можат да се пофалат со уште податок, кој ги прави да бидат пред сите од Вардаровите генерации кои се натпреваруваат во оваа лига. Оваа генерација сеуште незнае за пораз и после одиграни 14 кола. Да потсетиме дека во есенскиот дел ФК Вардар (1) имаше забележано 6 победи и 2 нерешени резултати со едно одложено коло, додека ФК Вардар (2) оствари 6 победи и 1 нерешен резултат. Едно коло црвено-црните беа слободни и едно беше одложено. Во пролетниот дел двете екипи на Кралевски одиграа по пет кола и сеуште го држат приматот на непоразени во детската лига. Вардар (1) забележа 3 победи ( Башкими, Њу Старс и Албарса) и 2 нерешени резултати ( Форца и Работнички). Вардар (2) пак во овој дел од сезоната нанижа 4 победи ( Викторија, Њу Старс, Работнички и Албарса) додека ремизираше со екипата на Кул. Големата “дисциплина“ што ја наметнува тренерот “Кралевски“ донесува се повеќе резултати во натпреварите на оваа црвено-црна генерација, а мора да се напомене дека и физичката подготовка е на највисоко ниво. Секое наредно коло играат се повеќе допадлив фудбал со смислени и претходно тренирани акции. Тие се единствената Вардарова генерација која нема пораз во детската лига.
Овој примат до пред одигрување на ова коло го имаше и генерацијата родени “2002“ година, но во дербито против Шкупи загубија минимално со резултат 1:0. Еден и единствен пораз има генерација “2004′, и тоа уште во второто есенско коло против Милано. Инаку избраниците на Арсовски сигурно дека се во најдобра форма во пролетниот дел остварувајќи многу убедливи победи и единствени со максимален борј на освоени бодови во овој дел од сезоната. Прв пораз во пролетниот дел доживеа и генерација “2003“