Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Единаесет Вардарови ракометари продолжуваат со настапи за своите селекции, на Европското ракометно првенство во Полска
Единаесет Вардарови ракометари продолжуваат со настапи за своите селекции, на Европското ракометно првенство во Полска

Единаесет Вардарови ракометари продолжуваат со настапи за своите селекции, на Европското ракометно првенство во Полска

Единаесет Вардарови ракометари продолжуваат со настапи за своите селекции на Европското ракометно првенство во Полска. Тие се дел од селекциите на Македонија, Хрватска, Русија и Шпанија. Веќе двајца играчи од црвено-црниот состав, Абутовиќ и Марсениќ ги завршија настапите со репрезентацијата на Србија и утре се очекува да се приклучат на тренинзи во Вардар.

Покрај Македонија која ги загуби шансите за пласман во полуфиналната рунда, се повеќе е очигледно дека тука нема да има место и за репрезентацијата на Хрватска, за која настапуваат Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. На вчерашниот натпревар Французите и одрржаа вистинска лекција на Хрватска и високо ја порази со резултат 32:24. Освен почетното водство од 0:1 и 1:2, остатокот од натпреварот помина во доминација на избраниците на Онеста, кои на голот го имаа одличниот Омејер. На полувреме се “наѕираше“ триумфот, кога имаа предност од 16:10. Карачиќ постигна само еден единствен гол, додека Лука Циндриќ не се запиша во листата на стрелци. Со овој неуспех, Хрватска драстично си ги намали шансите за пласман во четирите најдобри екипи, Сепак по победата на Норвешка, над домаќинот Полска, сеуште имаа некои теории кои би можеле да ја одведат Хрватска во полуфиналето. Тие во последното коло треба да играат со репрезентацијата на Полска, која има исто така 4 освоени бодови. Најголеми шанси за борба за еден од медалите во оваа група имаат Франција и Норвешка, со по 6 освоени бодови.

Интересен расплет и во другата новоформирана група, во која се натпреваруваат селекциите на Русија и Шпанија, во кои настапуваат играчи од нашиот ракометен шампион. Русија во претходното коло испушти голема прилика со победа да си ги зголеми шансите за полуфинале. На тој меч Дибиров беше повторно најефикасен играч, а неговата репрезентација ремизираше со Шведска 28:28. Вечерва со почеток од 18:15 часот Дибиров, Горбок и Шишкарев ги очекува нов тежок и важан натпревар против Германија. Кој од овој дуел ќе излезе како поразен, најверојатно и ќе ја загуби битката и можноста да се бори за еден од медалите. Дербито во оваа група ќе биде на програмата со почеток од 20:30 часот, кога силите ќе ги одмерат селекциите на Шпанија и Данска, кои во новата група влегоа со маскимални 4 освоени бодови. Така победникот од овој дуел, сигруно е дека ќе игра во полуфиналето. Ова ќе биде прв меч во елиминациската група за Штербик, Душебаев и Македа.

Репрезентацијата на Македонија, за која настапуваат Стоилов, Манасков и Ф. Лазаров после поразот од Хрватска, своите сили ќе ги насочи ко останатите два натпревари, со можност за што подобар пласман на крајот од овој мундијал. Следен противник ни е Норвешка, која е најголемото изненадување досега на ова првенство. Скандинавците и со бод од овој меч ќе си обезбедат пласман во полуфиналето.