Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Рк Кастратовиќ 2 и Опш. Кисела Вода ги поделија бодовите во “Јуниор“ лигата
Рк Кастратовиќ 2 и Опш. Кисела Вода ги поделија бодовите во “Јуниор“ лигата

Рк Кастратовиќ 2 и Опш. Кисела Вода ги поделија бодовите во “Јуниор“ лигата

Викендов продолжуваат натпреварите во рамките на “Вардар Јуниор“ лигата. Во спортскиот ракометен центар Кале се одигра натпревар помеѓу екипите на Рк Кастратовиќ 2 и Опш. Кисела Вода во женска конкуренција, за генерација родени 20002/03 година. Овој дуел заврши без победник, со нерешен резултат 8:8.

Опш. Кисела Вода има за што да жали на овој натпревар бидејќи имаше постојана предност во текот на целиот меч. Сепак овој меч со гол го отвори екипата на Рк Кастратовиќ 2, по што следуваше серија од 0:3 за екипата на Кисела Вода. Ова водство успеаа да го задржат до крајот на првото полувреме, кога на пауза се замина со резултат 3:5.

Вториот дел започна исто така со гол на Рк Кастратовиќ за намалување на 4:5. Кисела Вода успева со три последователни гола да се одалечи на највисоки 4:8. Кога сите мислеаа дека победникот на овој дуел е решен, Рк Кастратовиќ успева да направи голем резултатски преокрет и со четири голови во серија да го израмни резултатот на 8:8, што беше и конечен на натпреварот.

Најефикасна во редовите на Рк Кастратовиќ беше Мила Пешиќ со 3 постигнати голови. Ива Ристовска со 2 погодоци беше најдобар стрелец во редовите на Кисела Вода.