Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Трпчевски и Кизиќ го предводеа Вардар Јуниор до важна победа, во борбата за опстанок во Супер лигата
Трпчевски и Кизиќ го предводеа Вардар Јуниор до важна победа, во борбата за опстанок во Супер лигата

Трпчевски и Кизиќ го предводеа Вардар Јуниор до важна победа, во борбата за опстанок во Супер лигата

Младиот состав на Вардар Јуниор успеа да стигне до голема и важна победа во борбата за опстанок во најсилната супер лига. На Кале, избраниците на Стојан Петрушевски беа подобри од екипата на ГРК Борец од Велес, совладувајќи ја со резултат 23:18.

По првите шест минути игра се играше гол за гол на двете страни и ниту една од екипите не успеаа да поведат со повеќе од еден гол ралика. Сепак при водство на гостинот од 4:5, црвено-црните прават серија од 3:0 и за прв пат на дуелот се одлепуваат на два гола предност (7:5). Гледавме голема борба на теренот а гостинскиот тим од Велес се враќа во игра кога донесе ново израмнување на натпреварот (8:8). Сепак Вардар бепе подобрата екипа во последните минути од првото полувреме, кога најпрво поведе со 10:8, за Борец да намали на еден гол негатива, но до крајот на натпреварот вардарци прават серија од 3:1 и на полувреме заминуваат со водство од 13:10.

Мора да се напомене дека голема заслуга за победата има и голманот, Никола Кизиќ, кој го заврши натпреварот со 15 одбрани, од кои три од ударите од седум метри на противникот. Во текот на целото второ полувреме имавме предност, која најмногу достигна до пет голови разлика, а Борец најмногу што успеа да стори е да намали на само два гола негатива.

vardarfans-trpcevski

Така беше на стартот на вторите 30 минути, кога противникот намали на 13:11, а истава негатива од два гола ја имаа уште и во три наврати. Сепак благодарение на расположениот во напад, Трпчевски и на голот, Никола Кизиќ, успеваме да го скршиме отпорот на противникот и да се одлепиме на пет голови разлика, кога направиввме серија од 3:0, за највисоки пет голови (19:14). До крајот умешно ја сочувавме предноста и на крај славиме со резултат 23:18.

Најефикасен кај Вардар беше Трпчевски Стефан со 8 и Кукуловски Дејан со 5 голови.

Вардар Јуниор: Кизиќ, Димов 2, Крстевски 1, Анастасовски 3, Мишевски 3, Трајковски, Кизиќ, Лазов, Петковски, Карапалевски, Трпчевски 8, Гашоски, Кукуловски 5, Димитровски 1, Атанасовски, Цветаноски.