Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Двете екипи на ЖРК Вардар со победа на гостувањата во Пелагонија
Двете екипи на ЖРК Вардар со победа на гостувањата во Пелагонија

Двете екипи на ЖРК Вардар со победа на гостувањата во Пелагонија

Денес двата црвено-црни женски колектива гостуваа во Пелагонија. Помладиот тим на Вардар Јуниор гостуваше во Прилеп кај екипата на ЖРК Деспина, а Вардар играше во Битола кај ЖРК Пелистер. Двете црвено-црни екипи дојдоа до победи во ова 26.коло од домашната лига.

Ракометарките на ЖРК Вардар ја остварија 26. победа во 26 одиграни натпревари од Женската лига, тие во салата “Младост“ во натпреварот со  Пелистер триумфираа  со убедливи 24-43. Победникот стандардно беше познат и по крајот на првото полувреме, кога црвено-црните  водеа со 14-23. Дибирова искористи само три интернационалки: Петровиќ, Суслина и Хмирова. Повторно крилата беа  во главната улога, Јована Саздовска и Сара Ристовска.  Ристовска  постигна 16 голови, а Саздовска даде 7 погодоци.

Младите избранички на Симе Симовски на гостувањето кај прилепчанки првиот дел го отворија одлично. Тие од минута во минута ја градеа предноста па на одмор заминаа со комотни “плус четири“. На семафорот за време на одморот стоеше 14:18 во корист на Вардар Јуниор. Во вториот дел успеавме истата предност да ја задржиме и да ја во текот на сите 30.минути. Нашата победа беше изразена со четири гола позитива, 25:29.