Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две убедливи победи за вардаровата генер. “2008“ во детската лига
Две убедливи победи за вардаровата генер. “2008“ во детската лига

Две убедливи победи за вардаровата генер. “2008“ во детската лига

Две победи за генерацијата “2008“ на ФК Вардар во шесттото коло коло од детската лига, кое денес се одигра на терените на ФК Работнички. Избраниците на Павел Неделковски ги совладаа екипите на Њу Јорк и Спорт Ефе.

Вардар (1) за противник го имаше тимот на Њу Јорк, кој го победи со резултат 6:1. Уште по првото полувреме ја најавивме победата, кога на полувреме имавме високо водство од 4:0. Во овој дел од мечот два гола постигна Лука Никоски, додека по еден беа дело на Илија Митаноски и Филип Сребров.

На самиот старт на второто полувреме, противникот успеа да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 4:1. Имаше уште еден обид тимот на Њу Јорк, но успешно одбрани нашиот голман, Лука Грчевски. Врати Вардар преку Павел Андов, но одбрани противничкиот чувар на мрежата. Во наредниот период успеваме да го зголемиме резултатот преку Филип Сребров за водство од 5:1. На голот претходеше удар на Павел Анодв, прво голманот на Њу Јорк одбрани, но на одбиената топка наиде Сребров кој ја смести во мрежата. До крајот на мечот имавме уште неколу прилики, од кои една претворивме во погодок. Стрелец на истиот беше Павел Андов, за кој денес ова беше прв гол на мечот, кој ги постави конечните 6:1 на овој натпрревар од детската лига.

Во вториот дуел се сретнаа екипите на Вардар (2) и Спорт Ефе. Избраниците на Павел Неделковски доминираа на овој дуел, а голманот на Спорт Ефе беше најголемиот “виновник“ што Вардар не победи со многу поголема разлика. Уште од првата минута се редеа шансите пред противничкиот гол, прв кој се обиде беше Бранковски, но одбрани голманот на Спорт Ефе. Следеа прилики за Дамјаноски кој бие во рацете на голманот, потоа Кесиќ над голот, Трпевски чиј удар го одбрани голманот, како и нов обид на Дамјаноски, но резултатот остана се уште неотворен. Конечно по неколку обиди, успеваме иницијативата да ја претвориме во гол и тоа преку Ненад Дамјаноски, кој на нафрлена топка од корнер со глава го отвори резултатот на 1:0. Брзу успеваме да постигнеме нови два гола во противничката мрежа и тоа преку Стефан Бранковски, кој го зголеми водството на 3:0. После грешката на нашата одбрана, прв гол на дуелот постигна и противникот кој го намали на 3:1. Сепак во следниот наш напад, поради три корни кои ги направи Спорт Ефе, беше покажано на белата точка за нашиот состав. Сигурен реализатор беше Ненад Дамјаноски, кој со својот втор гол денес зголеми на 4:1. До крајот на првото полувреме се обидовме преку Азизи и Бошковски, но одбрани голманот на Спорт Ефе, па на одмор се замина со овој резултат.

Првиот гол во вториот дел го постигна противничкиот тим кој го намали резултатот на 4:2. Сепак црвено-црните вратија преку Коста Бошковски, кој се запишува во листата на стрелци и зголеми на 5:2. Имаше обид и Азизи Арти, но одбрани голманот. До крајот на натпреварот уште еден гол за Вардар и тоа за Коста Бошковски, кој ги постави конечните 6:2: На голот претходеше одлична акција, која ја започна Киш, кој додаде до Бранковски, овој до Бошковски кој успеа да погоди.