Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дуел како финале: Момци, срцето на терен до голема победа!
Дуел како финале: Момци, срцето на терен до голема победа!

Дуел како финале: Момци, срцето на терен до голема победа!

По двете победи на стартот и поразите од Хрватска и Шпанија, денеска во Минхен ракометарите на Македонија ќе ја водат најголемата битка, битката која за нас е како финале на ова Светско првенство. Уште пред да започне светскиот шампионат, момците и стручниот штаб знаеа дека големи се шансите токму против Исланд и овој последен натпревар во Минхен да го дадат патникот во следната фаза, покрај Хрватска и Шпанија.

Македонија знае да одигра кога е најпотребно. Водени од искусниот стратег Гонзалез и капитенот Лазаров, веруваме дека ќе оствариме голема победа и ќе си обезбедиме уште најмалку три дуели на ова СП. Но, едно мора да ни биде јасно. Доколку сакаме победа и пласман во следната рунда, ќе мора конечно на ова првенство да проработат Талески и Георгиевски. И двајцата досега одиграа под својот просек. Покрај нив, денеска ќе треба свој голем придонес во нападот да има и Кузмановски, во спротивно ќе биде многу тешко да се победи репрезентација како Исланд.

Денешниот наш противник Исланд, на ова СП покажа и свој слаби страни. Вчера одиграа натпревар под својот просек против Јапонија и победија само со четири голови разлика. Денеска најпрвин треба да ја запреме нивната главна sвезда Палмарсон, а да внимаваме и на незгодните Гунарсон и Сигурмансон.

Натпреварот започнува со почеток од 18.00 часот. Навиваме и веруваме дека Македонија ќе не израдува!