Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Slider > Седум ракометари на Вардар денес ќе бијат голема битка на СП
Седум ракометари на Вардар денес ќе бијат голема битка на СП

Седум ракометари на Вардар денес ќе бијат голема битка на СП

Во текот на денешниот ден ќе се комплетира и последното 5.коло по групи на Светското ракометно првенство во Германија и Данска. Седум играчи на Вардар се најдоа во составите на своите селекции за денешните мечеви, кои се многу значајни за продолжување на настапите на мундијалот.

За Македонија победа е само опција доколку сака да продолжи во следната фаза со најдобрите три репрезентации од групата А. Противник ни е селекцијата на Исланд, кој ке победи ќе продолжи во следната фаза. И двете селекции на минатите натпревари имаат по две победи ( во дуелите со Јапонија и Бахреин) и по два порази ( од Хрватска и Шпанија). Мечот вечерва стартува од 18:00 часот, а во составот на Македонија ќе бидат Стоилов и Поповски.

Во истава група, Шпанија и Хрватска ќе се борат за првото место во групата, но уште поважно е тоа која селекција ќе пренесе максимални четири бодови во следната фаза. Кој ќе победи на вечерашниот дуел, чиј старт е од 20:30 часот ќе има поголеми шанси да се пласира и во полуфиналето на СП. Во составот на Хрватска на овој меч ќе го видиме и Карачиќ кој прикажува одлични игри на мундијалот.

За Србија преостануваат мали, но теоретски шанси за пласман во следната рунда. Србија треба да излезе како победник во дуелот со Германија, а Бразил и Русија да ги загубат своите мечеви од селекциите на Кореја, односно Франција. Во составот на Србија и на овој меч ќе биде вардаровиот голман, Дејан Милосављев кој на претходните три дуели имаше двоцифрен број на одбранети удари.

Во истава група, Русија ја очекува тежок натпревар против селекцијата на Франција. Залудно ќе биде и доколку Русија победи против “триколирите„ ако Бразил ја совлада Кореја, против која е голем фаворит. Пред одигрување на последното коло, Русија и Бразил имаат по 4 бодови, но во случај на ист број на бподови, Бразил ќе биде третопласиран со оглед дека победи во меѓусебниот дуел. Кокшаров се реши денес да го изостави од составот пикерот на Вардар, Глеб Калараш, додека на теренот ќе бидат Дибиров, Шишкарев и Кисељев.