Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Со натпреварот Рајн Некар-Загреб стартува шесттото коло во групата Б од ЛШ
Со натпреварот Рајн Некар-Загреб стартува шесттото коло во групата Б од ЛШ

Со натпреварот Рајн Некар-Загреб стартува шесттото коло во групата Б од ЛШ

Денес со натпреварот Рајн-Некар против Загреб стартува шесттото коло во лигата на шампионите во групата во која се натпреварува и екипата на Вардар. Мечот ќе се одигра од 18:15 часот. Интересен дуел за следење, Загреб ќе се обиде да ја забележи и втората последователна победа, додека Рајн-Некар да потврди дека победата во Полска не беше случајна. Од друга страна бундеслигашот има нерасчистени сметки со шампионот на Хрватска, откако Загреб минатата сезона излезе како победник во двомечот во рамките на осминафиналето од ЛШ. Триумф на Рајн-Некар на вечерашниот дуел ќе значи и привремен претстој на лидерското место, бидејќи пред одигрување на ова коло имаат само еден бод помалку од Киелце и Вардар кој го делат врвот на табелата. Многу предуслови за вечерва да гледаме квалитетен ракомет.

Дербито на колото во групата Б ќе биде одиграно во сабота од 17:30 во спортскиот центар Јане Сандански, каде Вардар го пречекува Киелце. Тоа е дуел на првите две екипи на табелата и директен судир за првото место после одигрување на ова коло. Минатата сезона црвено-црните беа убедливи против овој противник, славејќи со резултат пред домашната публика. Сигурно дека европскиот шампион ја научил лекцијата од тоа гостување и ќе се обиде да не случи тоа издание. Вардар после поразот од Загреб е решен да се врати на победите и да го засегне врвот во оваа група.

Во другите натпревари Целје на домашен терен го пречекува тимот на Пик Сегед. Овој дуел е закажан да се одигра во сабота од 19 часот, додека Брест Мешков е домаќин на Кристијанштад. Не очекуваат интересни натпревари, на кои себој освоен бод за екипите е доста важен во продолжение од натпреварувањето. Секој со свои амбивии и цели дава максиум да стигне до триумф, кој би им ги зголемил шансите за пласман во следната елиминациска рунда од ЛШ.