На мака се познаваат јунаците.. Десното репрезентативно крило, Гоце Георгиевски и покрај се, останува верен на Вардар и ,,црвено – црните” бои.
35-годишното десно крило ја продолжи верноста кон Вардар и во наредните две сезони ќе го носи дресот на најтрофејниот ракометен колектив во земјава. Ова секако дека е голем ,,плус” за Вардар, па искуството на Георгиевски секако дека многу ќе значи во новата сезона.
Георгиeвски во Вардар дојде во 2020 година од редовите на ЧСМ Букурешт каде што играше четири сезони, а една мина и во Франција во Тулуз. Вардар во новата сезона ќе има добро покриена десна крилна позиција. Да не заборавиме дека тука ќе бидaт и Дарко Ѓукиќ и младиот Ален Ќосевски.