После девет години, ракометната Лига на Шампиони за прв пат ќе се игра без Вардар. Двократниот Европски Шампион беше исфрлен од ЕХФ, поради наводно „ненавремено расчистени долгови“, па во новата сезона ЛШ ќе ја гледаме без црвено-црните.
ЕХФ ги одреди шеширите, во пресрет на утрешната ждрепка, кога ќе бидат познати групите. После долга пауза, Македонија ќе нема свој претставник во најголемото ракометно натпреварување.
1. ШЕШИР: Барселона, Магдебург, ПСЖ, ПИК Сегед
2. ШЕШИР: ГОГ Гудме, Киелце, Порто, Целје
3. ШЕШИР: Динамо Букурешт, Кил, Нант, Веспрем
4. ШЕШИР: Елверум, ППД Загреб, Алборг, Висла