Вчера, женската репрезентација на Македонија која е комбинирана кадетско-младинска, загуби на стартот на Медитеранските игри во Оран. За ривал го имавме искусниот состав на Турција кој дојде до победа со резултат 27-34.
Противникот на МИ е пристигнат комплетен сениорски состав и со романскиот селектор Костика Бучечи, тие во вториот дел го скршија нашиот отпор. Во првите дваесетина минути се играше гол за гол до 9-9, пред Турчинките за првпат направат поголема предност, 9-12. Сепак набрзина возвратија Вардарките Ивана Џатевска и Борјана Коцева за реми, 12-12. Во финишот на полувремето беше 15-16, но Турција успеа да погоди уште три пати, а ние само уште еднаш, па на пауза се замина со 16-19. Противникот го исконтолира вториот дел од дуелот и дојде до победа со резултат 34-27.
Кај црвено-жолтите девојки втор стрелец беше пикерот Ивана Џатевска, вардаровата ракоометарка средбата ја заврши со со пет гола. Трет стрелец на дуелот беше Бојана Коцева натпреварот го завршија со по четири голови.