Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Веспрем и Киелце победија на вчерашните натпревари и останаа зад чекор со Вардар, за освојување на второто место
Веспрем и Киелце победија на вчерашните натпревари и останаа зад чекор со Вардар, за освојување на второто место

Веспрем и Киелце победија на вчерашните натпревари и останаа зад чекор со Вардар, за освојување на второто место

Екипите на Веспрем и Киелце славеа на вчерашните натпревари во рамките на 11.коло од најсилната група А и на тој начин останаа зад чекор со екипата на Вардар, за освојување на второто место во групата.

Веспрем пред своите навивачи успеа да слави во дербито против екипата на Барселона и на тој начин да ги задржи шансите за највисок пласман во групата. Шампионот на Шпанија подобро го започна натпреварот кога поведе со 0:2, но избраниците на Дејвис бргу вратија и со серија од три погодоци поведоа за прв пат со 3:2. До средината на првото полувреме гледавме игра гол за гол, а домашниот тим за прв пат поведе со два гола разлика (11:9). За момент намали тимот на Барса, но Веспрем сврза два погодоци и се одлепи на најголеми три гола разлика (13:10). Имаа унгарците и 15:12, но до крајот на првиот дел избраниците на Пасквал со серија од 0:3 успеаа да израмнат на 15:15.

Веспрем фуриозно го започна вториот дел кога постигна три последователни голови и зголеми на 18:15. Во текот на целото второ полувреме домашниот тим имаше предност, само во еден момент кога резултатот беше израмнет на 22:22. Сепак избранците на Дејвис покажаа квалитет, поведоа со два разлика и до крајот го сочуваа водството за на крајот да слават со резултат 29:26.

Мае, Манасков, Тонесен и Ненадиќ постигнаа по 4 голови, додека кај Барса исто толку имаа Арино, Н “Гесан и Томас.

Киелце успеа да слави на гостувањето кај Кристијанштад и тоа минимално со еден гол разлика. После нерешени 4:4, за прв пат, екипата од Полска успеа да направи серија од 0:3 и да се одлепи на водство од 4:7. Сепак домаќинот не се предаваше па по пет минути игра успеа да го израмни резултатот на 8:8. До крајот на првиот дел се играше гол за гол, а Киелце на полувреме замина со предност од 15:16.

Во второто полувреме видовме дури десет израмнувања на мечот, додека Киелце беше тимот кој беше во предност од 1-2 гола. Во неизвесен финиш, подобро се снајде полскиот шампион, кој слави победа со резултат 33:34. Јурецки со 11 голови беше најефикасен кај победникот

Монпелје успеа пак на домашен терен да слави против Брест Мешков (29:23) и да се изедначи според бројот на бодови, со екипите на Кристијанштад и Брест Мешков. До крајот ќе биде неизвесно и голема борбата за пласман на 6.место кое носи пласман во 1/8 финалето.

После одигрување на 11. коло, лидер во групата останува Барселона, додека втората позиција ја задржи Вардар.

1. Барселона 18

2. Вардар  15

3. Киелце 14

4. Веспрем 14

5. Рајн-Некар 12

6. Кристијанштад  5

7. Мешков Брест 5

8. Монпелје 5