Утре во С.Ц. Јане Сандански, Вардар ќе го одигра последното 14.коло во групата Б од Лигата на Шампионите. Наш противник ќе биде екипата на Елверум, натпревар кој нема никакво резултатско значење за црвено-црните со оглед дека го обезбедија 5.место во групата, со тоа и пласманот во осмина-финалето, додека за Елверум се неопходни бодовите, доколку сакаат да го продолжат натпреварувањето.
Сепак без разлика на се, од таборот на Вардар најавуваат победа на утрешниот натпревар. Билети се уште има во продажба за натпреварот со Елверум, детали за слободните места, блокови, цени,….на следниот линк.