Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Прв сериозен предизвик во плеј-офот, лидерот Вардар во дербито домаќин на Ѓорче-ЖРК
Прв сериозен предизвик во плеј-офот, лидерот Вардар во дербито домаќин на Ѓорче-ЖРК

Прв сериозен предизвик во плеј-офот, лидерот Вардар во дербито домаќин на Ѓорче-ЖРК

По три кола во плеј-офот девојките на Ристова Драгана и Царчев Александар се лидери на табелата во плеј-оф сегметот со 13.бода. Отворивме со 3/3 во воведните кола, сега не очекува дербито во 4.коло. На нас ни гостува тимот на ЃорчеПетров-ЖРК, екипа која е на втората позиција со 11.бода.

Натпреварот е закажан за задутре, четврток (10,март) во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, истиот ќе го има својот почеток во 17-00 часот. Оваа средба ќе одреди многу работи во однос на врвот на табелата, двата тима во плеј-офот имаат по три победи, така да по овој дуел нема да бидат максимални двата колектива. Кај вардарки здравствениот билтен е поволен пред почетокот на оваа средба.