Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Шампионот Баскет Кам пресилен за вардарки
Шампионот Баскет Кам пресилен за вардарки

Шампионот Баскет Кам пресилен за вардарки

Вчера, црвено-црните дами на Александар Ашаданов  гостуваа  кај актуелниот шампион, тимот  на Баскет Кам. На оваа средба од 2.коло во „Оролоџо“ сегментот која се играше  во големата сала при Спортскиот центар „Кале“ каде што тимот од Македонска Каменица ги игра во овој период од сезоната домашните натпревар бевме поразени.

Домаќинот одлично отвори со серија 13-03, по што ние побаравме тајм-аут, успеавме до крајот на првата четвртина да одиграма одлично, се вративме резултатски. На 1,минута и 12 секунди до крајот намаливме на 20-18 по што ривалот мораше да бара минута одмор. Првиот период од 10.минути заврши со 26-20 за шампионот. Лошо отворивме во вториот дел, Баскет  Кам имаше неколку тројки и офанзивни скокови по по само 2.минути поведоа со високи 34-20. Тука ја изгубивме контролата на резултатот, се до крајот не се заканивме со анулирање на предноста. Домаќинот победи со 19.поени повеќе. Односно со резултат 88-69.