Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со „камата“ му наплати на Монпелје, голема победа за двократниот Европски Шампион
Вардар со „камата“ му наплати на Монпелје, голема победа за двократниот Европски Шампион

Вардар со „камата“ му наплати на Монпелје, голема победа за двократниот Европски Шампион

Вардар ја прекина серијата од седум последователни порази во ЛШ и вечерва славеше голема победа на гостувањето кај екипата на Монпелје. Иако домашниот тим беше фаворит за бодовите со оглед дека се наоѓаа на лидерското место, сепак Вардар и без Гаџа и Ристовски покажа карактер и успеа да слави триумф со резултат 25:28.

Вардарци одиграа одлично прво полувреме во кое се стекнаа со предност од четири голови разлика. Игравме паметно без многу грешки во нападот, едноставно чекавме позиција за да шутираме кон противничкиот гол. Мартин Карапалевски одигра цело прво полувреме како среден бек и може да се каже дека сосема коректно го одигра овој дел од натпреварот, постигнувајќи еден гол. Мартин Томовски можеби беше најзаслужен за стекнатата предност со оглед дека по првите 30 минути имаше дури девет одбрани, од кои половина беа зицер удари на домашниот тим. Што се однесува до текот на натпреварот, Оливие Њокас го отвори резултатот на мечот, за Дибиров во 4 минута да донесе водство од 1:3. Следеше брз одговор на противникот за израмнување на 3:3, но Вардар повторно се одлепи на два гола предност, откако погоди Оливие за 3:5. Следеше период од 5 минути, во кои домаќинот направи серија од 3:0 и во 14 минута за прв пат поведе со 6:5, тоа беше нивно единствено водство во првиот дел. Вардарци заиграа цврсто во одбраната, Томовски беше одличен на голот, па благодарение на неговите одбрани поведовме со највисоки четири гола разлика (7:11), со два гола од контра напади на Гоце Георгиевски и по еден на Дијало и Кевин. Истата разлика ја одржавме и по истекот на првите 30 минути, кога речиси во последните секунди со својот прв гол, Филип Талески, го постави резултатот 10:14 на полувреме.

Жереми Тото беше играчот кој го отвори вториот дел за најголема предност на Вардар од 10:15. Имавме контрола на резултатот во првите десет минути од вториот дел, Монпелје играше нервозно, едноставно беа далеку од својата препознатлива игра, а тоа избраниците на Давид Дејвис немилосрдно го казнуваа. Нова загубена топка за Монпелје, која ја користи Дарко Ѓукиќ кој го погоди празниот гол за предност од 13:20 во 41 минута. Домаќинот се обидуваше да се врати во игра, постигнаа два гола во серија за намалување на 16:22, но Тото со нов погодок зголеми на 16:23. Направивме неколку грешки во нападот, за противникот да казни и со брзи два гола да намали на 20:24, што беше знак за Давид Дејвис да побара минута одмор. Томовски повторно се разбрани за негова 12 одбрана, а после перфектна асистенција на Карапалевски, Стоилов поентира за 20:25. Немаше време за големи возбудувања, Вардар слави голема победа изразена со резулат 25:28.