Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис и Њокас: Многу важна победа, задоволни сме како одигравме
Дејвис и Њокас: Многу важна победа, задоволни сме како одигравме

Дејвис и Њокас: Многу важна победа, задоволни сме како одигравме

Вардар заврши голема работа со победата на гостувањето кај екипата на Монпелје. После серија од седум порази, црвено-црните се вратија на победничките патеки и тоа на гостински терен кај Монпелје кој беше лидер во групата во пресрет на 11.коло. Заслужена победа за Вардар ако се земе предвид дека имавме континуирана предност од првата па се до последната секунда од натпреварот. Само во еден момент домашниот тим беше во водство, додека вардарци имаа целосна контрола на резултатот во најголем дел од мечот, за триумф со резултат 25:28.

После завршување на натпреварот, изјави пред медиумите дадоа Давид Дејвис и најефикасниот кај Вардар, Оливие Њокас.

-Прво, сакам да им честитам на играчите затоа што завршија фантастична работа тука во Монпелје. Ова е важна победа за нас по голема борба и среќен сум. Околу мечот, нашата одбрана беше добра, голманите беа добри, нападот беше добар и задоволни сме од она кое го прикажавме во целост против ваков ривал, изјави Дејвис.

-Задоволни сме како одигравме. Откако Дејвис пристигна во клубот, ние многу работевме. Овој триумф не е на среќа. Секој играч си ја вршеше својата задача и сите работевме напорно за да дојдеме до посакуваната форма. Не е лесно да се дојде тука и да се победи. Овој триумф е важен за нас, се надевам дека победите ќе ни се множат. Имавме разочарувачки партии на изминатите средби и се надевам дека овој дуел ќе ни биде од голема помош за средбите кои следат, истакна Њокас.