На вчерашната прес-конференција, РК Вардар го претстави и Едуардо Гурбиндо како засилување за екипата во новата натпреварувачка сезона.
Шпанскиот репрезентативец кој имаше кратко обраќање пред медиумите истакна дека најважен натпревар за Вардар во моментот е 1/4 финалето против екипата на Загреб, во рамките на СЕХА-лигата.
-Морам да истакнам дека сум среќен што сум во Вардар. Имаме многу натпревари во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и македонската Суперлига, но сметам дека најважно за нас во овој момент е четврт-финалето против екипата на Загреб. Ќе се обидеме да излеземе подготвени и да извадиме позитивен резултат на првиот натпревар.