Ракометарите на Вардар се наоѓаат во Германија, каде вечерва го одржаа првиот тренинг во пресрет на турнирот „Хумел Куп“ кој на програмата е претстојниов викенд. Вардарци го почувствуваа салата каде утре ќе го одиграме првиот натпревар, противник ни е екипата на Холстебро. Овој натпревар ќе стартува од 16:00 часот.
Во случај на победа, во финалето на турнирот ќе играме со победникот од вториот натпревар кој на програмата е од 19:00 часот на кој се среќаат екипите на Магдебург и Горење.