ЖРК Вардар е во финалето на „Ѓорче Петров Куп 2021“ со 100% ефект во групата. Црвено-црните девојки на Ристова денес го совладаа тимот на Деспина во последниот натпревар од групата. Со победа 30-18 (15-06) си закажавме натпревар за пехар против домашниот тим на Ѓорче Петров-ЖРК, на утрешниот последен ден од овој меѓународен ракометен женски турнир.
Тимот од Прилеп прв поведе со 0-1 на самиот почеток и се закани со агресивна игра во одбраната. Ние веднаш вративме преку Михаела Стојановска за резултатска симетрија (1-1). Тргнавме одлично во нападот, во одбраната на ниво беше целиот тим, Илиќ врза неколку одбрани точно на средината на овој дел водевме со 6-2 со голот на кадетката Радевска. На највисоки седум плус до тогаш отидовме во 24.минута кога Миновска погоди атрактивно за 11-4. Го контролиравме дуелот и на одмор заминавме со 15-6.
Вториот дел започна со одбрана на Трајкоска Јована и брза контра по која погоди Васевска Златица за почетни 16-6. Во следите десет минути двата тима постигнаа по три гола, со новиот гол на Златница, црвено-црните водеа со 19-09 во 41.минута. Ристова им даде прилика на речиси целиот ростер, одлично ротираше и го одржуваше ритамот. Ние го контролиравме натпреварот во целост, нашата висока предност беше безбедна. Победата дојде со резултат 18-30.
На овој натпревар кај нас први стрелци беа Златица Васевска и Миновска Сара со по 7.гола, Трпевска погоди 3.пати.
Голманите ни беа одлични на оваа средба, Илиќ која бранеше во првиот дел сопре 8.удари. Трајковска Јована која настапи во вториот период одбрани неколку удара.