Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис и Ѓукиќ: Важна победа во „густиот“ февруари
Дејвис и Ѓукиќ: Важна победа во „густиот“ февруари

Дејвис и Ѓукиќ: Важна победа во „густиот“ февруари

Вардар ја оствари првата победа во рамките на СЕХА-лигата. Вечерва црвено-црните гостуваа во Нови Сад, каде убедливо ја победија екипата на Војводина. Триумфот беше изразен со двоцифрена разлика, конечниот резултат гласеше 16:26.

Впечатоците од првата сезонска победа во СЕХА ги споделија тренерот Дејвис и десното крило, Ѓукиќ.

-Ова е важна победа за нас во овој густ февруари. Работиме на нашата игра, а тешко беше да се игра без среден бек. Сепак, на крајот ова е добар резултат за нас. Воодушевен сум затоа што имавме и можност да креираме акции и да работиме на нашата игра, истакна Дејвис.

-Задоволен сум од резултатот затоа што доаѓа по поразот од Нексе на стартот. Распоредот кој е пред нас е доста густ, а овој меч беше добра подготовка за предизвиците кои следат, изјави Ѓукиќ.