Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Гаџа се повреди!

ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Гаџа се повреди!

Вардар ја оствари првата победа сезонава во новата група во СЕХА-лигата. Црвено-црните полесно од очекувањата убедливо славеа на гостувањето кај Војводина, триумфирајќи убедливо со резултат 16:26.

Иако Вардар победи, голем проблем во овој момент е Анте Гаџа кој се повреди на стартот од дуелот и потоа не влегуваше во игра. Се работи за повреда на раката, а во Скопје прегледите ќе покажат за што точно станува збор.

Ќе биде огромна штета доколку Гаџа биде приморан да отсуствува некое време од ракометните терени, пред важните натпревари на Вардар во Лигата на шампионите и домашното првенство.