Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пораз од Целје, екипата на Вардар ќе игра за 3.место на струшкиот турнир
Пораз од Целје, екипата на Вардар ќе игра за 3.место на струшкиот турнир

Пораз од Целје, екипата на Вардар ќе игра за 3.место на струшкиот турнир

Вардар не успеа да се пласира во големото финале на турнирот во Струга, откако вечерва во решавачкиот натпревар за пласман на првото место во групата загуби од екипата на Целје. Противникот славеше со резултат 36:28.

Во едно ефикасно полувреме,  на пауза се замина со нерешени 17:17. Вардар во најголем дел од првото полувреме беше во предност, највисоката беше четири гола разлика во 21.минута од натпреварот. Екипата на Целје подобро го отвори натпреварот со водство од 2:0 и 3:1, но вардарци почнаа да го фаќаат потребниот ритам на игра и со голот на Талески стигнаа до прво водство од 4:5. Томовски и на денешниот натпревар беше на своето ниво и по истекот на првите 30 минути имаше 8 одбрани зад своето име. Гледавме брзо темпо на игра од двете страни, Вардар не искористи два напади да зголеми на плус два, затоа Целје успева по 13 минути игра да го израмни резултатот на 6:6. Моралес беше играчот кој ни донесе позитива од два гола, сепак за кратко со оглед дека противникот повторно воспостави резултатска рамнотежа. Од 18-23 минута го имавме најдобриот период, кога успеавме да се одлепиме на највисоки четири гола разлика, Манасков беше играчот кој одзема топка и зголеми на 10:14. Сепак Шампионот на Словенија до крајот на првиот дел се врати во игра, па на полувреме се замина со резултат 17:17. Во нашите редови најдобар стрелец по првите 30 минути беше Филип Талески кој постигна 6 голови.

По осум минути игра во вториот дел, екипата на Целје успеа да поведе со три гола разлика, 24:21, иако Вардар имаше играч повеќе на теренот. Гледавме неизвесен натпревар, во вториот дел, противникот беше тој што одржуваше предност од 1-2 гола разлика. На голот, Целје исто така имаше расположен голман, токму неговата 11 одбрана беше наградена со гол за повторно највисоки три гола, резултатот по 45 минути игра беше 28:25. Лошо играме во овој дел од мечот, словенците со неколку голови во серија се одлепија и на предност од 30:25 во 48 минута од натпреварот. Имавме негатива и од шест гола, по што Недановски побара тајмаут. Следеше подобра игра и серија од 0:3 за намалување на 31:28 на 9 минути пред крајот. На голот застана и младиот Гогов кој собра три одбрани, но противникот беше блиску до победа откако поведе со 33:28. На крајот и висок триумф за Целје со резултат  36:28.

Вардар го освои второто место во групата и на тој начин во сабота ќе игра за 3.место на турнирот во Струга.