Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Повторно признание за Штербик, тој се најде во идеалниот тим на колото во Л.Ш
(ВИДЕО) Повторно признание за Штербик, тој се најде во идеалниот тим на колото во Л.Ш

(ВИДЕО) Повторно признание за Штербик, тој се најде во идеалниот тим на колото во Л.Ш

Арпад Штербик повторно “жнее“ одличја на ЕХФ-ТВ изборите за најдобри поединци во шампионската лига. По одиграното 8.коло Штербик доби признание за најдобар голман за истото во изборот на најдобрата “седморка“ во најквалитетната лига на стариот континент. Штербик во дуелот со европскиот првак Барселона со одличните интервенции, големиот број одбрани и запрени седмерци избори место во овој избор.

Во истиот избор се најдоа и следниве играчи за најдобри поединци на својата позиција : На лево крило – Мануел Линигер од Кадетен Шафхаузен, лев бек – Никола Карабатиќ од  тимот на ПСЖ, среден бек – Деан Бомбач од екипата на Пик Сегед, најдобар десен бек е Лука Шебетиќ од Загреб, на позицијата десно крило –  за ова коло најдобра партија според ЕХФ-ТВ прикажаВиктор Томас од Барселона, а пикер на колото е играчот на Веспрем – Ренато Сулиќ . Видео од овој избор на идеалните седум може да погледнете -ТУКА