Жрк Вардар во рамки на 6.коло од ЕФХ Лигата на шампионките на домашен терен ја пречека екипата на австриски Хипо. Девојките се мачеа да се одлепат се до последната четвртина од дуелот кога блеснаа и ја однесоа победата со двоцифрена предност.
Австријките немаа лек за Андреа Лекиќ која имаше одличен просек од 9 постигнати голови од 10 удари кон голот на Хипо. Лекиќ со еден од нејзините типични соло-продори кон противничкиот гол се најде на листата топ-5 најатрактивни голови за 6.коло во женскиот сегмент од лигата на шампионите. Средниот бек на црвено-црните се најде на четвртата позиција од изборот. Видео од истиот ќе може да погледнете – ТУКА