Вчера заврши првиот од двата меча во 1/8-финалето од ЕХФ Лигата на шампионите, на истиот Вардар гостуваше во Полска кај екипата на Висла Плоцк. Овој меч заврши реми 30-30, а вече за десетина дена на 26.март се игра пресудниот меч, реваншот во ’Јане Сандански“ на кој ќе треба подршка од скопската публика.
Лани се сретнавме исто со овој противник во оваа фаза и на првиот меч бевме победени со шест гола разлика. Со поддршката од Комити и останатата публика во спортскиот центар Ј.Сандански успеавме да ја надокнадиме оваа негатива и на крај да забележиме убедлив триумф, изразен во единаесет гола позитива. Атмосферата беше на едно високо ниво во текот на целиот меч, а Комити покажаа дека се најдобрата ракометна публика во Европа.
ВИДЕО-2