Како што е познато екипата на РК Вардар е освојувач на СЕХА-лигата за оваа натпреварувачка сезона. Црвено-црните во финалето ја победија екипата на Веспрем, со резултат 26:21 и на тој начин го освоија третиот трофеј во ова натпреварување, со кој станаа најтрофејниот тим. По одигрување на финалниот натпревар беше избран идеалниот тим на СЕХА-лигата. Во него имаше место за четворица ракометари на Вардар.
Жоан Кањелас доби две признанија, како најдобар среден бек и МВП на завршниот турнир. Тимур Дибиров е најдоброто лево крило, додека Иван Чупиќ беше прогласен за најдобро десно крило. Вуко Борозан пак е најдобриот лев бек. СЕХА објави денес видео со најдобриот тим на завршниот турнир во ова натпреварување. Таму место имаше и за Алиловиќ, Нилсон и Наѓ.