Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Металург е противник за Вардаровите екипи во 19 првенствено коло
Металург е противник за Вардаровите екипи во 19 првенствено коло

Металург е противник за Вардаровите екипи во 19 првенствено коло

Во сабота и недела ќе биде одиграно 19 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за Вардаровите екипи во ова коло ќе биде Металург. Пионерските екипи во сабота ќе гостуваат на теренот во Скопско поле, додека во недела кадетите и младинците на теренот во населбата Јане Сандански се домаќини на Металург.

После победата во дербито против Работнички, нашите помлади пионери во добро расположени го дочекуваат овој меч, кој за нив нема резултатско значење што се однесува до позицијата на табелата. За разлика од нас, противникот е во борба за титулата, па три бода од овој меч за Металург се неопходни доколку сака да се надева на првата позиција. Металург славаеше во есенскиот дел на теренот на академијата со 1:3. Во претходното коло, црвено-црните покажаа дека не ги интересира амбициите на другите екипи и на овој дуел ќе се обиде да изненади и да стигне до трите бода. Мечот во сабота се игра од 10 часот.

Пионерите после губење на шансите за одбрана на титулата во лигата, сите сили ги насочија кон купот, каде веќе се финалисти во ова натпреварување. Вардар славеше во првиот дел од сезоната на домашен терен со 2:0. Двете екипи се далеку од првото место на табелата, па овој нивни дуел ќе биде само за престиж и бод повеќе на своето конто. Нивниот натпревар ќе се одигра од 12 часот.

Сезоната за кадетите е изгубена и до крајот остануваме да ги одиграме и последните четири кола во првенството. Избраниците на Влатко Колев беа несреќно елиминирани во полуфиналето на купот, откако примија гол во последната минута од екипата на Академија Пандев и со тоа останаа без финале во ова натпреварување. Во првенството после поразот од Работнички имаме седум бода помалку од лидерот Работнички, што значи дека и тука шансите се многу мали. Овој натпревар со Металург се игра во недела од 10 часот, а во есенскиот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.

Младинците на Вардар се единствена наша генерација која се бори за титулата во лигата. Избраниците на Љупчо Марковски ги завршија настапите во купот, откако на реванш мечот од полуфиналето не успеаа да ги анулираат двата гола негатива во дуелот со А.Пандев. Во првенството имаме еднаков број на освоени бодови со екипата на Шкендија, на која гостуваме во наредното коло. Вардар е фаворит во дуелот со Металург и доколку сакаме да бидеме во трка за трофејот, мораме да триумфираме на овој дуел, кој се игра во недела од 12 часот. Во есенскиот дел убедливо го победивме Металург со 0:5.