Tuesday ,31 March 2020
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Јована Мицевска: Би сакала во иднина да застанам меѓу стативите на голот на Вардар во лигата на шампионите
Јована Мицевска:  Би сакала во иднина да застанам меѓу стативите на голот на Вардар во лигата на шампионите

Јована Мицевска: Би сакала во иднина да застанам меѓу стативите на голот на Вардар во лигата на шампионите

Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС стигна до нова убедлива победа во најсилната супер-лига. Избраничките на Симовски славеа во дуелот со Пелистер 44:20 и ја забележаа својата вкупно 20 победа оваа сезона во лигата. Само во првите десет минути противникот беше рамноправен кога се играше израмнето, за потоа на два пати со серија од неколку погодоци на полувреме да има двоцифрена предност од 21:10. Во вториот дел разликата се повеќе се зголемуваше, за на крај триумфот да биде повеќе од убедлив. На овој натпревар шанса на голот доби кадетската и младинска репрезентативка, Јована Мицевска која ја оправда пружената доверба и натпреварот го заврши со 24 успешни интервенции. Оваа сезона, Јована паралелно го чуваше голот на кадетките, младинките на Вардар и во вториот состав на овој тим.

vardarfans-zrk-vardar-scjs-660x330

-Победата ми значи многу и сум многу благодарна на моите тренери што ми ја пружија можност. Победата е секако слатка и секогаш посакувана и се надевам дека ја оправдуваме довербата кај нашите тренери. За мене најдобар меч е секој оној во кој ќе успеам да придонесам на екипата а оваа сезона ја гледам како можност за созревање. Би сакала секако во иднина да застанам меѓу стативите на голот на Вардар во лигата на шампионите. Но за тоа ме чека уште многу труд и многу работа.

Звонко Ивановски