Младиот 18-годишен голман на Вардар, Марко Кизиќ, ги дочека своите пет минути на голот на Вардар. Марко за прв пат вечерва застана на голот на Европскиот Шампион, што се однесува до мечевите во Лигата на Шампионите, доби 15 минути од Кокшаров и блесна голот. Интересно, Кизиќ имаше вкупно четири одбрани, колку што имаа заедно и останатите двајца голмани на Вардар, односно Гедбан со исто толку одбрани, додека Кугис не забележа интервенција.
Погледнете ја двојната одбрана на Кизиќ, која ја крена публиката на нозе, интервенција која беше забележана и од ЕХФ.