Европскиот ракометен шампион се врати на победите. Во рамките на 6.коло во најсиланта група Б, црвено-црните пред своите навивачи славеа во дуелот со екипата на Брест Мешков. Вардар имаше постојана предност и контрола на резултатот во текот на целиот меч. На крајот заслужено победивме со резултат 36:31. На прес-конференцијата после завршување на мечот, впечатоците од триумфот за медиумите ги сподели тренерот, Едуард Кокшаров кој го изјави следново:
-Сакам да му честитам на Мешков Брест за борбената игра која ја прикажаа. Ние исто како и тие имавме проблеми со повредени играчи, па и двете екипи не бевме комплетни. Не ни одеше добро со 6-0 одбрана, па пробавме да играме со 5-1. Мислам дека реално тоа ни успеа и ни донесе триумф. Играчите го дадоа максимумот, играа борбено од првата па се до последната минута, како и што треба пред нашите навивачи. Заслужено победивме, истакна Кокшаров.
Марко Кизиќ имаше деби од соништата во Лигата на Шампионите. Младиот и несомнено голем талент и иднината на голот на Вардар, Марко Кизиќ, доби шанса 15 минути на голот. Врати на довербата на најдобар можен начин со 4 одбрани зад своето име.
-Ова беше многу важен натпревар за нас, затоа што со победа се вративме на втората позиција. Имавме предност на домашен терен, така имавме уште поголем мотив. Најважно е што дојдовме до важните бодови. Одиме понатаму сега гледаме кон мечот со Киелце. Ова е само еден натпревар, во иднина мора да докажеме дека се уште го имаме истиот квалитет, истакна Кизиќ.