Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се врати на победите, Скопје доби нов миленик, Марко Кизиќ
Вардар се врати на победите, Скопје доби нов миленик, Марко Кизиќ

Вардар се врати на победите, Скопје доби нов миленик, Марко Кизиќ

Денес во 6.коло од ракометната Лига на Шампиони, европскиот првак Вардар ја пречека екипата на Брест Мешков. Конечно по пауза од две кола се вративме на победите, момците на Кокшаров и Писонеро ги совладаа белорусите со резултат 36-31 (19-17).

73273714_10215554121788343_2991441577747939328_n

3

Почнавме добро, на голот Гедбан  Калифа имаше две одбрани во напад тоа го наградија нашите пикери. Калараш и Стоилов погодија за предност со 2-0, сепак ривалот веднаш врати со иста мерка и изедначи на 2-2. Ние имавме гол-два предност, се играше постојано со погодоци на двете страни се до 13.минута кога поведовме со 9-6. Веднаш ривалот побара минута одмор, по тајм аутот  и се доближи на 10-9 со мини серија, 1-3.  Во 20.минута влеговме со резултат 14-12 по погодениот пенал на Иван Чупиќ. Нашиот напад беше на ниво, ривалот ја користеше релативно лошата игра на црвено-црните во одбраната и фактот што нашите голмани до тогаш имаа 12.примени шута од 15 удара, односно само 3.одбрани. Конечно после 14-13, ние во одбраната  стоприравме два-три напада, тоа го наградивме во офанзива. Со голот  Иван Чупиќ во 24.минута првпат поведовме со четири гола, беше 17-13 на семафорот во Јане Сандански, тоа ја дигна атмосферата во салата. И кога конечно тргна добро ние направивме грешки во серија, ривалот за 120.секунди ја преполови нашата предност 17-15 и за наша среќа потоа промашиа два  удар на празен гол кога напаѓавме без „чувар на мрежата“.  Дуелот на пауза отиде со предност од два гола за нас, ние водевме 19-17 за време на паузата помеѓу двете полувремиња. Интересно салата го побара во финишот на првиот дел, Марко Кизиќ.

0

Вториот дел започна со погодоци  на Иван Чупиќ, Шишкарев и Сташ Скубе, па по 100.секунди игра со оваа серија 3-0 поведовме со плус пет, тоа беше првпат во овој дуел да дојдеме до таа бројка. Во 32.минута на семафорот стоеше 22-17 за црвено-црните. Конечно можеше да се види европскиот првак  во право светло како што сме го навикнале. Поворно дозволивме опуштање, противникот намали на 24-21 и имаше удар за минус два, Калифа Гедбан успеаа да одбрани што беше дочекано со воодушевување. Следеше игра гол за гол потоа, во 45.минута, точно на средината од вториот дел беше 27-24. Марко Кизиќ дебитираше во лигата на шампионите, тој во 46.минута влезе на место на Гедбан и веднаш впиша двојна одбрана. Во последните 10.минути влеговме со комотни пет гола предност, на семафорот стоеше 31-26, со што најавивме дека ќе дојдеме до нови два бода.  Кизиќ  за шест минути на теренот имаше три одбрани од пет удари или неверојатни, 60% ефикасност. Првпат отидовме на шест плус во 53.минута, Калараш погоди по контра-напад, тоа на мечот го направи дури три пати.  Се до крајот беше рутина ние победивме со резултат 36-31.

4

Најефикасни кај црвено-црниот тим беа: Кристопанс со 9 гола,   Чупиќ Иван  имаше  7  гола,  потоа следеа Сташ Скубе со шест погодоци и Калараш со пет.