Српскиот интернационалец на голот на црвено-црните Страхиња Милиќ е избран во топ-7 најдобри одбрани во месец ноември во СЕХА Газпром лигата. Голманот на Вардар се најде на петтото место со одбраната на гостувањето кај Веспрем, натпревар во кој одигравме реми и од кој освоивме значаен бод.
Прво место во овие топ-7 е голманот Игор Чуприна (Татран Прешов) со одбраната на мечот против Мешков Брест. Видеото од овој Сеха избор ќе може да го погледнете во продолжение :