Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Кристијан Апостоловски: После овој натпревар одиме на заслужен одмор, а потоа подготовка за она што не очекува на пролет
Кристијан Апостоловски: После овој натпревар одиме на заслужен одмор, а потоа подготовка за она што не очекува на пролет

Кристијан Апостоловски: После овој натпревар одиме на заслужен одмор, а потоа подготовка за она што не очекува на пролет

Денеска Б-тимот на Фк Вардар го одигра последниот есенски меч во оваа лига. Противник беше екипата на Силекс, против која ремизиравме со резелтат 2:2 Два пати имавме предност, но гостите успеваа да се вратат во мечот, за поделба на бодовите. Головите за нашиот состав ги постигнаа Кристијан Апостоловски и Виктор Димков.

-Одигравме еден квалитетен натпревар. Со оглед на тоа што игравме против повозрасна екипа, можам да кажам дека сум задоволен од играта и резултатот. Одигравме на едно високо ниво, со голема желба и дисциплина во играта. Секој играч на теренот го даде својот максиум и со одличен успех ја завршивме оваа полусезона.

Од утре младинскиот состав предводен од Љупчо Марковски, оди на заслужен одмор. Во вториот дел од сезоната ги очекуваат предизивиците во првенството, каде се наоѓаат на третото место и во купот, каде се пласираа во полуфиналето.

После овој натпревар одиме на заслужен одмор, а потоа секако подготовка за она што не очекува на пролет, а тоа е двојната круна во младинската лига и куп, изјави Кристијан Апостоловски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски