Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно, Дембеле, Радичевиќ и Пенезиќ, номинирани во изборот за најдобар тим во 2015 година
Лејно, Дембеле, Радичевиќ и Пенезиќ, номинирани во изборот за најдобар тим во 2015 година

Лејно, Дембеле, Радичевиќ и Пенезиќ, номинирани во изборот за најдобар тим во 2015 година

Реномираниот ракометен портал “Хандбал планет“ секоја година прави избор на најдобриот машки и женски ракометен тим. Четири ракометарки на Вардар се најдоа во потесниот избор за најдобриот тим во 2015 година. Сите црвено-црни девојки имаат пред себе голема конкуренција во изборот за најдобар играч на својата позиција.

Сираба Дембеле е номинира во изборот за најдобро лево крило, заедно со Мајда Мехмедовиќ( Будуќност), Камила Харем(Холстебро) и Мариа Фискер( ЦСМ Букурешт). За Дембеле можете да гласате на следниот линк ТУКА.

Кристина Неагу од екипата на Будуќност ќе биде сигурно најголемиот противник во изборот за најдобар лев бек на Андреа Пенезиќ. Покрај нив во борбата за најдобар на оваа позиција се уште Каролина Кудлач(Лајпциг) и Естевана Полман( Есбјерг). За Пенезиќ можете да го дадете својот глас на следниов линк ТУКА.

Јованка Радичевиќ пружи одлични игри за својата репрезентација на претстојното светско првенство во Данска. Таа беше најдобар стрелец за Црна Гора, која беше елиминирана во 1/4 од Норвешка. Да се надеваме дека во ист стил ќе продолжи од јануари и во дресот на Вардар. За најдобро десно крило номинирани се уште: Кармен Мартин( ЦСМ Букурешт), Ана Вакхирева (Астракханочанка) и Јулиа Манагарова( Ростов). Гласајте за Радичевиќ на следниов линк ТУКА.

Амандин Лејно ќе се одбиде да го освои првото место во изборот за најдобар голман. Тука конкуренцијата е пеколна, во имињата на Клара Волтеринг( Борусиа Дортмунд), Катрин Лунде(Ростов) и Паула Унгуреану( Баја Маре). За Лејно моќете да гласате ТУКА. 

Можете да гласате за нашите Вардарки се до 6-ти јануари, кога ќе биде затворено гласањето. 16 новинари од различни земји, како и гласовите на фановите преку социјалната мрежа “Фејсбук“ ќе го одлучат победникот во секоја конкуренција.