Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Б-тимот на Фк Вардар одигра нерешено со Силекс, во последното есенско коло
Б-тимот на Фк Вардар одигра нерешено со Силекс, во последното есенско коло

Б-тимот на Фк Вардар одигра нерешено со Силекс, во последното есенско коло

Со денешниот натпревар помеѓу Б-тимовите на Фк Вардар и Силекс заврши есенскиот дел во ова натпреварување. Двете екипи ги поделија бодовите, откако одиграа без победник со резултат 2:2. Стрелци на головите за нашиот состав беа Виктор Димков и Кристијан Апостоловски. На овој меч стартниот состав го сочинуваа играчи од младинскиот тим предводени од Љупчо Марковски. Тука беа уште неколку играчи од кадетската екипа, кои добија шанса во вториот дел. Црвено-црните на два пати имаа преднот, но гостинот од Кратово успеваше да го израмни резултатот. Дуелот се одигра на теренот, покрај спортскиот центар Јане Сандански.

Виктор Димков го отвори резултатот со гол од слободен удар за водство од 1:0, иако истиот играч можеше и порано да погоди, откако промаши удар од белата точка. До крајот на првиот дел Кратовчани го израмнија резултатот на 1:1, што беше конечен по првото полувреме.

Во вториот дел бевме подобар тим на теренот, иницијативата и неколкуте прилики вродија со плод во 65 минута кога Кристијан Апостоловски носи нова предност за Вардар со 2:1. На 20 минути до крајот Силекс успева да погоди за конечни 2:2 на овој дуел и поделба на бодовите. Овој прв дел од сезоната Б-тимот на Вардар го заврши со една победа, три нерешени резултати и два порази.