Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ВИДЕО) Фереира се прости на емотивен начин: Благодарам Вардар и Македонија за овие три години

(ВИДЕО) Фереира се прости на емотивен начин: Благодарам Вардар и Македонија за овие три години

Еден од играчите кој следната сезона нема да биде дел од Вардар е Рожерио Мораес Фереира. Бразилецот одигра три одлични сезони во Вардар, период во кој освои и две Европски титули и уште голем број на трофеи. Дојде како анонимен од екипата на Кил, но својот максимум го достигна токму во Вардар, страшен и незапирлив играч на пикерската позиција, а исто така значаен и во одбраната. Негова следна дестинација е екипата на Веспрем, со која потпиша договор на две години.

Фереира не беше на прославата во Скопје од приватни причини, но не заборави да се збогува од градот и тимот во кој ги постигна најголемите успеси. Преку посебно видео се заблагодари на Вардар и Македонија, погледнете во продолжение.