Втор пат сезонава, голот на Вуко Борозан е прогласен за најдобар во едно коло од СЕХА-лигата. Тоа пр пат се случи во третото коло кога Вардар на домашен терен го победи тимот на Брест Мешков, а голот на Борозан се најде во изборот за најдобри, кој подоцна доби и најмногу гласови од фановите.
Истово признание Црнагорскиот репрезентативец го доби и денес, откако повторно доби најмногу гласови, за постигнатиот гол во дуелот со екипата на ППД Загреб, каде повторно црвено-црните славеа.
Погледнете го голот на колото, дело на Вуко Борозан.