Од среда започнува светското ракометно првенство во Франција, што значи следува пауза на натпреварите од СЕХА-лигата и лигата на шампиони. Тимот на СЕХА веќе го објави идеалниот тим за месец декември, каде имаше место за Вуко Борозан и Игор Карачиќ. Објавени се и најубавите голови за последниот месец во изминатата година. Во овој избор се најде левиот бек и Вардаровиот “бомбардер“, Вуко Борозан. Тука се уште и Ловро Јотиќ (Загреб), Дамир Халилковиќ (Нексе), Блаж Јанц (Целје) и Гаспер Маргуч ( Веспрем).
Погледнете го видеото со најубави голови за месец декември во СЕХА-лигата: