Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дејвис: Се подготвуваме максимално и сме целосно посветени на исполнување на зацртаните цели
Дејвис: Се подготвуваме максимално и сме целосно посветени на исполнување на зацртаните цели

Дејвис: Се подготвуваме максимално и сме целосно посветени на исполнување на зацртаните цели

Утрово нашиот женски ракометен шампион го имаше првиот собир во новата година. Тренерот Давид Дејвис ги собра ракометарките и го има речиси целиот состав на располагање со исклучок на голманката Мајса Песоа која сеуште неможе да допатува во Скопје поради лошите временски услови кои владеат низ балканот и Европа. Ина Суслина продолжува со самостојните тренинзи, по операцијата што ја имаше и дополнително ќе се одредува кога може да се приклучи на екипата. Во составот дополнително е повикана Драгана Петковска. Вардарки ќе имаат само два дена за тренинг, бидејќи во сабота ќе отпатуваат во Подгорица, каде ќе настапат на првиот турнир на регионалната лига. Тренерот Дејвис напоменува дека на секој меч Вардар ќе влегува со сериозен пристап и максимална мотивираност.

-Ние на секој меч влегуваме со подеднаква мотивираност. Нема разлика дали е пријателски меч, натпревар од ВРХЛ лигата или пак лига на шампионите. Се подготвуваме сериозно и целосно посветени на исполнување на зацртаните цели за оваа сезона. Верувам дека и девојките се подготвени за она што ги очекува во следните месеци. Овие неколку дена ќе повториме од она што го игравме во есенскиот дел од сезоната. Има доволно време да бидеме подготвени за ЛШ, и сериозно го сфаќаме секој предизвик што е пред нас, вели Давид Дејвис, тренерот на Вардар.

Во сабота ќе го одиграме првиот натпревар против екипата на Будуќност. Веќе следниот ден за противник го имаме тимот на Крим.